klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Митреска на конференција на БИС во Базел: Пополнување на информациските празнини во централното банкарство: ефикасно искористување на податоците и иновативните алатки

Митреска на конференција на БИС во Базел: Пополнување на информациските празнини во централното банкарство: ефикасно искористување на податоците и иновативните алатки
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·26. 08. 2026. 07:51:12

Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на Тринаесеттата биенална конференција на Комитетот на Ирвинг Фишер за статистика на централните банки (IFC), којашто се одржа во Базел, во организација на Банката за меѓународни порамнувања (БИС). Годинашното издание на Конференцијата беше под наслов „Пополнување на информациските празнини во централното банкарство: ефикасно искористување на податоците и иновативните алатки“. Во рамките на настанот, Митреска ја водеше сесијата под наслов „Нови и експериментални податоци“, во која беа презентирани истражувања за употребата на иновативните податоци за оцена на климатските ризици, како и на алатките на вештачката интелигенција за утврдување на недостатоците во статистиките за климатските промени и одржливоста. На Конференцијата учествуваше и претставничката на Народната банка Даница Уневска Андонова, која го презентира трудот под насловен „Прогнозирање на македонскиот БДП со економски показател изведен преку „Чет џи-пи-ти“: докази од машинското учење“, изработен со коавторите Магдалена Петровска, Неџати Куртиши и Елена Божиновска Стојчевска. Трудот беше претставен на сесијата „Иновации за подобра статистика“, а во него се покажува како можат да се користат алатките на вештачката интелигенција за добивање показател за економските услови од квалитативните одговори од анкетите за очекувањата за растот на БДП и на инфлацијата и за негово вклучување во моделите на машинското учење, заради побрзо и поточно проценување…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti