Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминали како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во гостување на емисијата „Анализа’’ на Телевизија 24, се осврна на случувањата на собраниската седница за пратенички прашања, каде што како што напомена, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговори на поставено прашање на пратеникот Венко Филипче во однос на тоа дали се чувствува виновен за одредени политики, премиерот јасно и децидно кажа дека се чувствува виновен за тоа што луѓето како него и неговиот претходник Заев кои имаат голем број на криминални афери, се на слобода. „Ако убаво се слушне прашањето коешто беше поставено од страна на пратеник, одговорот беше многу соодветно даден во детали. Така што не можам да се согласам дека станува збор за било каква закана, таа говорница таму има за цел да ги спротивстави аргументите и мислам дека кога аргументите не се допаѓаат не треба да ги квалификуваме како закана или ветување или било кој друг начин’’, истакна Митева и додаде дека барањето за правда не е некаква закана затоа што оној којшто ги поставува прашањата, во случајот претседателот на СДС, Венко Филипче е човек кој има зад себе огромни скандали, афери и криминали. „Ако прашањето беше дали се чувствувате виновен премиерот одговори за што се чувствува виновен, за…

