Митески: Најдобрите ученици се гордост на општина Аеродром – признанија и награди за првенците

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска им додели признанија на најдобрите ученици на генерацијата од основните училишта во Општина Аеродром за учебната 2025/2026 година. Покрај признанијата, секој од нив добива и еднократна парична награда во износ од 10.000 денари, како симбол на почит и благодарност за нивниот труд, знаење и посветеност. Со особена гордост им честитаме на: - Павел Ангелов – ООУ „Александар Македонски“ - Стефани Накова – ООУ „Димитар Македонски“ - Исидора Илијоска – ООУ „Блаже Конески“ - Илина Трпеска – ООУ „Гоце Делчев“ - Димитар Стојановски – ООУ „Гоце Делчев“ - Ива Минова – ООУ „Љубен Лапе“ - Ана Станчева – ООУ „Лазо Ангеловски“ - Јаков Грујовски – ООУ „Браќа Миладиновци“ - Ангела Давитковска – ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Благодарност до наставниците, директорите, стручните служби и семејствата, кои секојдневно ги охрабруваат и поддржуваат младите на патот кон успехот. Општина Аеродром ќе продолжи да ги поддржува и наградува младите таленти, затоа што тие се нашата најголема вредност и најсигурна инвестиција во иднината.


