klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мисајловски: Вербата на бранителите во татковината е наша водилка, одлучно да продолжиме да ги чуваме националните интереси

Мисајловски: Вербата на бранителите во татковината е наша водилка, одлучно да продолжиме да ги чуваме националните интереси
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·08. 08. 2026. 08:53:08

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска им оддаде почит на македонските бранители кои пред 25 години во заседа беа убиени кај месноста Карпалак. -Денеска се навршуваат 25 години од трагичниот настан кај месноста “Карпалак”, каде што десет македонски херои, припадници на резервниот состав на македонската Армија: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, извршувајќи ја својата света должност, ги положија своите животи во одбрана на Македонија. На овој тажен ден со длабока почит се поклонуваме на сите бранители кои се одзваа на повикот, кои покажаа како се сака сопствената држава. Нивното дело, храброст и жртва, нема никогаш да ги заборавиме. Нивната верба во татковината е наша водилка, одлучно да продолжиме да ги чуваме националните интереси. Нека им е вечна слава, објави Мисајловски.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti