klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мисајловски: Секој војник со 45 години ќе има можност да остане во МО, да замине во друга институција или да си земе отпремнина

Мисајловски: Секој војник со 45 години ќе има можност да остане во МО, да замине во друга институција или да си земе отпремнина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·21. 08. 2026. 18:24:49

Од 1 јануари сите ќе бидат задоволни, предвидуваме средства во новиот буџет за зголемување на платите во Армијата. Очекувам следната недела да имаме пречистен текст на Колективниот договор со сите синдикати. Секој еден војник што навршува 45 години ќе има можност да остане во Министерството за одбрана, да замине во друга институција во државата или да си земе отпремнина, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски, во гостување на ТВ Канал 5. Во однос на стандардот на вработените, министерот најави покачување на примањата од почетокот на следната година и трајно решение за статусот на професионалните војници. Европската колективна безбедност, нагласи Мисјаловски, е поврзана и прашањето за членство во ЕУ и НАТО мора да се гледа заеднички, посочувајќи дека на најголем дел од состаноците со европските лидери со коишто може да се сретне, но и со многу амбасади и слично, секогаш го отвора прашањето за ЕУ. -Ако ние сме доволно способни и имаме целосен капацитет за НАТО, да бидеме рамноправни, да учествуваме на секоја една вежба, да бидеме повикувани за се што треба да помогнеме, тогаш апсолутно треба да бидеме дел од Европската Унија... И постојано еве, јас нема тоа да го кажам, сите претставници што доаѓаат во Македонија со позитивни, така…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti