klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Мисајловски: Потпишано писмо за намери за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон иницијативата НАТО за обука за летање

Мисајловски: Потпишано писмо за намери за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон иницијативата НАТО за обука за летање
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·07. 07. 2026. 10:26:48

Министерот за одбрана Владо Мисајловски соопшти дека во рамки на НАТО Самитот во Анкара учествувал на Форумот за одбранбена индустрија, на кој присуствувале претставници на земјите-членки и партнери на НАТО, како и претставници од одбранбената индустрија. Според објавата на Мисајловски, во фокусот на Форумот биле иновациите, развојот на одбранбената индустрија и унапредувањето на соработката за заеднички набавки, со цел зајакнување на колективната безбедност. Тој информира дека во рамки на НАТО Одбранбениот индустриски форум била одржана и церемонија на која било потпишано заедничко писмо за намери за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон мултинационалната соработка во рамки на иницијативата NATO Flight Training Europe (NFTE). „Овие иницијативи и дискусии ја потврдуваат силната сојузничка посветеност на понатамошно продлабочување на соработката, развој на заедничките способности и справување со современите безбедносни предизвици“, наведе Мисајловски во својата објава.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti