klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мисајловски: Плански се инвестира во модернизација и реконструкција на армиската инфраструктура (ФОТО)

Мисајловски: Плански се инвестира во модернизација и реконструкција на армиската инфраструктура (ФОТО)
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·13. 07. 2026. 09:44:17

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска го посети инженерискиот баталјон на Армијата во Ќојлија и изврши увид во градежни активности кои опфаќаат целосно внатрешно реновирање на објектите. -Станува збор за проект во вредност од над 10,7 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Министерството за одбрана. Припадниците на инженерискиот баталјон со својата професионалност и посветеност секојдневно ги исполнуваат оперативните активности. Новата инженериска механизација, обезбедена со поддршка од Европскиот мировен фонд, и реконструкцијата на објектите обезбедуваат подобри услови и успешно реализирање на активностите, вели Мисајловски. Тој додаде дека продолжуваат плански и одговорно да инвестираат во модернизација и реконструкција на армиската инфраструктура, создавајќи подобри услови за припадниците на Армијата

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti