Мисајловски на форум за одбранбена индустрија во чиј фокус се иновации и развој на одбранбената индустрија

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера (7 јули) во Анкара, Република Турција учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на Самитот на Алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, Индустрискиот форум како и церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NATO Flight Training Europe). За време на Самитот министерот Владо Мисајловски учествуваше на Форумот за одбранбена индустрија во чиј фокус беа иновациите и развојот на одбранбената индустрија кои се клучен елемент за колективната безбедност, како и воспоставувањето на соработка за заеднички набавки за опремување на одбранбените сили. На форумот на кој присуствуваа високи претставници од сојузничките и партнерските земји и претставници од воената индустрија беше испратена пораката: „Нема силна одбрана без силна одбранбена индустрија!“ Учеството на овој форум е исклучително важно имајќи ја предвид намерата на македонската Влада за поддршка на развојот на домашните компании во областа на наменската, воена индустрија. На првиот работен ден, се одржа и церемонија за прием на три сојузнички земји – Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NFTE …

