klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мисајловски на церемонија за затворање на командата на Бригадата на Југоисточна Европа во Куманово

Мисајловски на церемонија за затворање на командата на Бригадата на Југоисточна Европа во Куманово
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·15. 07. 2026. 06:16:22

Во кумановската касарна „Боро Менков“ денеска ќе се одржи церемонијата за затворање на Командата на Бригата на Југоисточна Европа во Македонија. Пред присутните ќе се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски, а на свеченоста ќе присуствува и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Командата на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) ја менува својата локација на ротациона основа. Со одлука на министрите за одбрана на земјите-членки на иницијативата за соработка во Југоисточна Европа (СЕДМ) на состанокот во Рим, Италија во 2016 година, Командата беше лоцирана во Куманово од 2020 до 2026 година.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti