Мисајловски: Ќе продолжиме да ја унапредуваме одбранбената соработка со Романија

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана оствари средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте, како и со новоименуваното и досегашното одбранбено аташе на Романија. На средбата присуствуваа новоименуваното одбранбено аташе, потполковничката Александра Барбулеску, и досегашното одбранбено аташе, полковник Арчип Каталин Петре. [facebook_post url="https://www.facebook.com/misajlovskivlado/posts/pfbid02FLMJQwQeNxFUfvSL3Uzs39SURjVTPjYFq56MdcymKQmkyQoPNpNPCG1qS8qVSqZ2l"] Мисајловски ѝ посака добредојде на потполковничката Барбулеску и успешен мандат, изразувајќи уверување дека двете земји ќе продолжат да ја унапредуваат одбранбената соработка заснована на меѓусебна доверба, партнерство и взаемна поддршка. Верувам дека заедно ќе продолжиме да ја унапредуваме одбранбената соработка и да ги јакнеме односите меѓу Македонија и Романија, порача Мисајловски. Министерот упати благодарност до досегашното одбранбено аташе, полковник Арчип Каталин Петре, за неговиот ангажман, професионалност и придонес во развојот на билатералната одбранбена соработка, посакувајќи му успех во понатамошната кариера.


