Мисајловски: Инвестираме во современи услови за припадниците на Македонската Армија

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ја посети Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, каде изврши увид во градежните активности за целосно внатрешно реновирање на еден од објектите за сместување на припадниците на Армијата. Според Мисајловски, станува збор за инвестиција вредна околу 11 милиони денари, со која значително ќе се подобрат условите за работа и престој на припадниците на Армијата, како и за новите 300 професионални војници кои токму во оваа касарна ќе ја изведуваат својата основна војничка обука. Министерот истакна дека Владата продолжува со континуирани вложувања во армиската инфраструктура, со цел создавање подобри услови за работа, обука и професионален развој на армискиот персонал. „Нашите припадници заслужуваат современи услови за работа и обука. Секоја инвестиција во Армијата е инвестиција во безбедноста, стабилноста и иднината на Македонија“, порача Мисајловски. Од Министерството за одбрана посочуваат дека со ваквите инвестиции се зајакнуваат капацитетите на Армијата и се обезбедува современа средина за обука и извршување на задачите на припадниците на македонските вооружени сили.
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu
VITEŠKI GEST Sirski se oglasio i iznenadio celu Ukrajinu! Reči ukrajinskog vojskovođe dugo će se pamtiti! Zatražio OPROŠTAJ od svog saborca
