klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мисајловски: Илинден е симбол на слободата, државноста и вечната идеја за независна Македонија

Мисајловски: Илинден е симбол на слободата, државноста и вечната идеја за независна Македонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·02. 08. 2026. 07:08:46

Министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитка до граѓаните, припадниците на Армијата и вработените во Министерството за одбрана по повод 2 Август – Илинден, истакнувајќи дека овој датум претставува најголемиот празник и еден од најзначајните симболи на македонската државност. Во честитката, Мисајловски нагласува дека Илинден ги претставува идеалите на слободата, самобитноста, патриотизмот и љубовта кон татковината, оценувајќи дека токму врз илинденското дело е изградена современата македонска држава. -Од херојството на илинденците и визијата со која беше издигната Крушевската Република, преку државотворните одлуки на АСНОМ до денес, се протега една иста идеја – Македонија да биде слободна, суверена и независна држава- наведува министерот. Тој посочува дека слободата и мирот што денес ги уживаат граѓаните се резултат на жртвата на претходните генерации, поради што Илинден претставува обврска за зачувување на вредностите на единството, солидарноста, слободата и меѓусебното почитување. Мисајловски повика на заедничка посветеност во градењето на Македонија како држава на мирот, демократијата, просперитетот и надежта за идните генерации. -Нека илинденскиот пламен секогаш ни го осветлува патот кон единство, напредок и мир. Нека ни е честит 2 Август – Илинден! Нека ни е вечна Македонија!“, порачува министерот за одбрана во честитката.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti