klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мисајловски и Лафчиски на средба со врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа

Мисајловски и Лафчиски на средба со врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·30. 06. 2026. 16:59:54

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич (Alexus G. Grynkewich), денеска во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата оствари средба со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На средбата со генералот Гринкевич, министерот Мисајловски изрази задоволство од одличната соработка со Сојузничката команда за операции укажувајќи на тоа дека припадниците на македонската Армија ќе продолжат да даваат и личен придонес кон безбедноста на источното крило на Алијансата како дел од мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија. На средбата министерот се осврна и на инвестициите во одбраната, како и развојот на Армијата. „Ги зацврстуваме капацитетите на Армијата, а со тоа и на колективната безбедност на Алијансата. Инвестираме во процесот на модернизација и опремување, кој паралелно со нашиот влог во развојот на припадниците на Армијата ни овозможи Лесната пешадиска баталјонска група неодамна да ја добие и оценката ‘борбено способни за извршување на мисијата’ согласно највисоките стандарди на НАТО“, рече министерот на средбата и додаде дека земјава останува да биде кредибилен и доверлив сојузник во Алијансата. На средбата со генералот Лафчиски се разговараше за актуелната безбедносна состојба во зоната на операции на Алијансата, за процесот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti