Мисајловски: Армијата се модернизира со засилено темпо, од јануари и повисоки плати

Македонската Армија минува низ интензивен период на модернизација, кој опфаќа набавка на современа воена опрема, системски реформи и нов Колективен договор, подобрување на условите за работа и повисок стандард за сите нејзини припадници. Ова во гостување на ТВ Канал 5 го истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека сите овие системи што се купуваат, сите набавки, модернизацијата, но и обуките, тренинзите, вежбите, „се на едно огромно ниво, рамо до рамо со сите НАТО земји членки“. Во однос на стандардот на вработените, министерот најави покачување на примањата од почетокот на следната година и трајно решение за статусот на професионалните војници. – Од 1 јануари сите ќе бидат задоволни, предвидуваме средства во новиот буџет за зголемување на платите во Армијата. Очекувам следната недела да имаме пречистен текст на Колективниот договор со сите синдикати. Секој еден војник што завршува 45 години ќе има можност да остане во Министерството за одбрана, да замине во друга институција во државата или да си земе отпремнина, изјави Мисајловски. Тој нагласи дека паралелно се спроведуваат сите големи договори за модернизација, меѓу кои и набавката на хеликоптерите од италијанската компанија „Леонардо“. – Би требало до крајот на годината да стигнат два воздухоплови, следната исто така, и до завршување…
Povezane vijesti

Граѓаните може да се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип – активиран сајтот vakcinacija.mk

(ВИДЕО) Апасиев го праша Мицкоски за бизнисите на баџанакот, а премиерот му порача обвинувањата да ги докаже на суд
