Мирен протест во Атина против уставните измени за државните службеници и приватните универзитети

Синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и студентите организирани од нивните здруженија денеска во Атина одржаа протест за да го изразат незадоволството за уставните измени што го предложи грчката Влада, а се однесуваат на евалуација на државните службеници и на отворање приватни универзитети, јави дописничката на МИА од Атина. „Образованието не е предмет на трговија“; „Не за приватните универзитети“; „Дипломи со заслуга, а не со цена“, беа дел од слоганите на студентите, додека пак државните службеници побараа зголемувања на платите, посочија дека се борат за постојана и стабилна работа и порачаа дека се против укинување на вработувањата на неопределено време во државниот сектор. Во знак на протест, од АДЕДИ денеска закажаа и неколку часовен прекин на работата, односно работното време за државните службеници заврши во 11 часот. Демонстрантите маршираа низ улиците во центарот на Атина до плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент, а протестот заврши мирно и без проблеми. На почетокот на февруари годинава грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис најави почеток на процедурите за промени на Уставот, а пред два месеци беа соопштени 30 члена за кои е планирана ревизија. Меѓу нив е и воведување систем на оценување на државните службеници и промена на вработувањата на неопределено време во јавниот сектор…
Povezane vijesti

Тест на личноста — кои се вашите скриени способности? Она што прво ќе го видите ќе ви го даде одговорот!
RACIJE ŠIROM CRNE GORE Naplaćeno 85.000 evra kazni, procesuirano 14 osoba! Evo šta se traži i koja mesta su na udaru
