klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Министерството за локална самоуправа донираше 50.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар

Министерството за локална самоуправа донираше 50.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·22. 07. 2026. 13:02:57

Министерството за локална самоуправа (МЛС) во рамки на координираниот институционален одговор на кризата со водоснабдувањето, итно обезбеди донација од 50.000 литри вода за пиење за жителите на Општина Гостивар. -Во моменти кога граѓаните се соочуваат со сериозни предизвици реагираме брзо, одговорно и солидарно. Со оваа донација даваме конкретен придонес во надминувањето на состојбата и испраќаме јасна порака: институциите се рамо до рамо со граѓаните секогаш кога тоа е потребно - изјави министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ. Денеска во Гостивар пристигна првиот од двата предвидени камиони со првите количини бесплатна вода. Испораката, како што велат од МЛС, има за цел директно да ги задоволи основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните служби. Од Министерството посочуваат дека остануваат во постојана координација со сите релевантни институции и внимателно ја следат состојбата на терен. -Со оваа брза и конкретна акција, Министерството за локална самоуправа уште еднаш ја потврдува својата улога на сигурен партнер на сите општини – подготвено, навремено и одлучно да реагира преку институционална поддршка и директен ангажман во надминување на сите вонредни предизвици - велат од МЛС.( МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti