Министерството за енергетика: Силна динамика и континуиран напредок во енергетската транзиција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) активно ја спроведува реформската агенда 2024 - 2027 во областа на енергетската транзиција истовремено реализирајќи ги реформските активности и усогласувајќи ја националната регулатива со европското законодавство. Како резултат на овој континуиран процес, Европската комисија во својот извештај од 20 мај 2026 година официјално потврди дека два реформски чекори се целосно исполнети. Како што информираат од МЕРМС, првиот целосно исполнет реформски чекор се однесува на воспоставувањето и на целосната операционализација на структурите за управување со процесот на праведна транзиција. Со формирањето и ставањето во функција на сите предвидени тела, како и усвојувањето на годишниот план за спроведување, Европската комисија потврди дека механизмот за управување е воспоставен и целосно функционален. Вториот потврден реформски чекор е донесувањето на тригодишниот план за реновирање на зградите на централната власт, усогласен со европските цели за енергетска ефикасност. Истовремено, обезбедена е и финансиска поддршка за негова понатамошна реализација, што овозможува навремено спроведување на планираните активности. - Покрај ова, Министерството целосно ги реализира сите активности и процедури предвидени за уште два реформски чекори, за кои комплетната документација е доставена до Европската комисија. Во тек е процесот на нивна верификација и се очекува тие да бидат оценети во рамките на следниот…

![[KVIZ] Samo rijetki mogu imati sve točne odgovore na zahtjevnim pitanjima iz geografije](https://net.hr/media/2026/07/20/1560719/H-448a04e3-cb02-45a7-a6cc-2d8187398785-1200.webp)
