klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Министерство за економија и труд: Официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки, ценовните движења се стабилни

Министерство за економија и труд: Официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки, ценовните движења се стабилни
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·07. 08. 2026. 11:09:31

Најновите официјални податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2026 година инфлацијата на месечно ниво изнесува 0,1 проценти, што потврдува дека ценовните движења остануваат стабилни, без значителни шокови на пазарот, истакнуваат од ресорното министерство и додаваат дека официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки. -Министерството за економија и труд и понатаму внимателно ги следи движењата на цените преку официјалните статистички податоци, но и преку анализите на набавните и продажните цени и бруто-профитните маржи. Паралелно, Државниот пазарен инспекторат продолжува со редовни и засилени инспекциски контроли за да се спречат евентуални злоупотреби и неоправдани поскапувања. Во моментов, официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки, бидејќи ценовните движења се стабилни, а кај најзначајната категорија – храната – веќе втор месец по ред се бележи намалување на цените, велат од Министерството. Сепак, додаваат, Владата останува целосно посветена на заштитата на животниот стандард на граѓаните. -Доколку се појават нови неоправдани ценовни шокови или нарушувања на пазарот, ќе реагираме навремено и ќе ги искористиме сите механизми што ни стојат на располагање за обезбедување фер пазарни услови и заштита на потрошувачите, порачуваат од Министерството за економија и труд. Според нив, особено е значајно што и во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti