klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Министерот Велковски се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Македонија, Рита Колумбија

Министерот Велковски се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Македонија, Рита Колумбија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·23. 07. 2026. 10:13:27

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Македонија, Рита Колумбија. Во фокусот на разговорите беа демографските политики, младите и родовата еднаквост како клучни области за одржлив развој на државата. Министерот Велковски ги претстави приоритетите на Министерството, истакнувајќи дека посебно внимание е насочено кон креирање мерки за подобрување на демографските состојби, создавање подобри можности за младите и нивно поактивно вклучување во процесите на донесување одлуки. Соговорниците ја нагласија важноста од унапредување на родовата еднаквост преку политики што обезбедуваат еднакви можности и поттикнуваат инклузивен општествен развој. Постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија, ја изрази подготвеноста на системот на Обединетите нации да продолжи со поддршка на Министерството во спроведувањето на политики и иницијативи во овие области. На средбата беше потврдена заедничката определба за понатамошно зајакнување на соработката помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и агенциите на Обединетите нации, преку конкретни активности насочени кон подобрување на демографските политики, унапредување на положбата на младите и промовирање на родовата еднаквост.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti