klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Министерот Велковски присуствуваше на пуштањето во употреба на новата централна кујна во детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

Министерот Велковски присуствуваше на пуштањето во употреба на новата централна кујна во детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Илинден
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·28. 07. 2026. 12:00:32

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска, заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Ѓорѓиевски, присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата централна кујна во детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. За само една година, од поставувањето на камен-темелникот до денес, успешно е реализиран овој значаен проект, со кој се унапредуваат условите за престој и исхрана на најмладите. Новата централна кујна, изградена според најсовремени стандарди, ќе обезбедува повеќе од 800 квалитетни оброци дневно за децата згрижени во градинката, како и за учениците од основните училишта. Во наредниот период ќе започне и адаптацијата на постојната кујна во нови занимални, со што ќе се обезбедат дополнителни места за околу 60 деца и ќе се зголеми капацитетот на градинката. Во своето обраќање, министерот Велковски истакна дека Министерството за социјална политика, демографија и млади останува цврсто посветено на создавање подобри услови за згрижување и ран детски развој преку континуирани инвестиции во предучилишната инфраструктура. „Како Министерство за социјална политика, демографија и млади, продолжуваме со силна динамика да инвестираме во изградба и проширување на капацитетите за згрижување на децата. Во текот на оваа година предвидено е отворање на 15 нови детски градинки, со…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti