Svijet Sjeverna Makedonija
Министерот Мисајловски ќе се обрати на церемонијата за затворање на командата на Бригадата на Југоисточна Европа во Куманово

Kurir.mk·Тале Кристо·14. 07. 2026. 18:46:35
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски утре, со почеток во 10:00 часот, ќе присуствува и ќе се обрати на церемонијата за затворање на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG), која ќе се одржи во касарната „Боро Менков“ во Куманово. На свеченоста ќе присуствува и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Командата на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) ја менува својата локација на ротациона основа. Согласно одлуката на министрите за одбрана на земјите-членки на Иницијативата за соработка во Југоисточна Европа (СЕДМ), донесена на состанокот во Рим во 2016 година, Командата беше лоцирана во Куманово во периодот од 2020 до 2026 година.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


