klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Министерот Ферати оствари средба претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Нухи Алиу

Министерот Ферати оствари  средба претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Нухи Алиу
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·24. 07. 2026. 09:03:52

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Нухи Алиу, со цел да го означи почетокот на нов модел на соработка меѓу институциите и приватниот сектор, заснован на континуиран дијалог, стручни анализи и конкретни решенија. Визијата на оваа иницијатива е соживотот и одржливиот развој да се градат и преку економијата, преку обезбедување еднакви можности, правичен пристап до информации, еднаков третман од институциите и поголема вклученост на сите заедници во развојните процеси. Во рамките на средбата, министерот Ферати предложи потпишување на Меморандум за соработка во форматот „25-25-25“ – едноставен, мерлив и транспарентен модел, кој има за цел комуникацијата меѓу Министерството и Стопанската комора на Северозападна Македонија да ја претвори во редовен институционален процес. Клучна улога во спроведувањето на овој концепт ќе има Секторот за анализи и истражувања, кој ќе ги анализира административните, законските, процедурните и меѓуинституционалните пречки со кои се соочуваат бизнисите, ќе го оценува нивното влијание врз помалите заедници и ќе подготвува конкретни препораки за Министерството, Владата и надлежните институции, создавајќи одржлив механизам за известување и комуникација со Комората. Министерот нагласи дека оваа соработка не треба да се ограничи само на дијалогот со албанските бизниси, туку треба да претставува сеопфатна платформа…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti