klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Минесота Тимберволвс доби нови сопственици

Минесота Тимберволвс доби нови сопственици
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·24. 08. 2026. 05:15:39

Американските НБА тимови Минесота Тимбервулвс и Минесота Линкс добија нов мнозински сопственик, нешто повеќе од една година откако Марк Лор и Алекс Родригез ја презедоа контролата врз франшизите. Според Шамс Чаранија од ЕСПН, американскиот бизнисмен Марк Стад го финализираше договорот со кој станува најголем акционер и сопственик со контролен удел во двете франшизи. Стад ќе го откупи поголемиот дел од сопственичкиот удел на Марк Лор, а трансакцијата ги вреднува Тимбервулвс и Линкс на дури 4,5 милијарди долари. Основачот на инвестициската компанија „Dragoneer Investment Group“ веќе беше значаен малцински сопственик во рамките на групацијата на Лор и Родригез, а новиот договор беше постигнат по неколкумесечни преговори. И покрај големата промена во сопственичката структура, не се очекуваат моментални промени во функционирањето на клубот, бидејќи Стад, Лор и Родригез ќе продолжат да соработуваат, задржувајќи ја постоечката раководна структура.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti