Минчев: Повисоки плати, професионални раководители и нови стандарди за модерни институции

Јавната администрација не се менува со најави, туку со конкретни решенија, системски промени и работа на терен. По две години работа, Министерот за јавна администрација Горан Минчев ги презентираше резултатите од реформскиот процес насочен кон создавање професионална, ефикасна и модерна администрација, која ќе биде поблиска до граѓаните и подобро подготвена да одговори на нивните потреби. „Не ветувавме реформи, туку работевме на нивно спроведување. Не се водевме од краткорочни решенија, туку од потребата да поставиме стабилни темели на систем кој со години се соочуваше со одложувања и недовршени процеси“ истакна министерот Минчев, посочувајќи дека еден од најзначајните резултати е усвојувањето на трите системски закони во областа на јавната администрација:Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници. Особено значаен сегмент од реформите е подобрувањето на статусот на административните службеници. Во партнерски дијалог со синдикатите постигнат е историски договор преку колективните договори, со кој е обезбедено континуирано зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти до 2028 година. „Реформата на јавната администрација не може да биде успешна без да се грижиме за луѓето кои секојдневно ја носат работата на институциите“ нагласи Минчев. Важен чекор кон професионализација на управувањето е донесувањето…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

ТРАМП БАРА ПРЕКИН НА ОГНОТ, ИРАН ОДБИВА - „Ако нападите продолжат - Израел е следна цел!“
