klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Минчев: Јавната администрација е крвотокот на државата – градиме систем во кој знаењето и резултатите се единствен критериум

Минчев: Јавната администрација е крвотокот на државата – градиме систем во кој знаењето и резултатите се единствен критериум
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·24. 07. 2026. 08:51:10

Јавната администрација е еден од најважните столбови на функционална држава, а нејзината професионализација е клучен предуслов за европска Македонија, порача министерот за јавна администрација Горан Минчев во интервју за Слободен печат. Министерот истакна дека Владата и Министерството за јавна администрација спроведуваат суштинска реформа на системот, чија цел е создавање модерна, ефикасна и професионална администрација ослободена од партиски влијанија. „Јавната администрација е крвотокот на една држава. Без соодветна, добро обучена, квалитетна и со знаење исполнета јавна администрација, немаме држава“ - порача Минчев. Тој нагласи дека во изминатиот период се направени значајни реформски исчекори преку донесување на системски закони кои со години беа дел од европските извештаи. Законот за висока раководна служба, законските решенија за административните службеници и формирањето на Академијата за обука на јавната администрација, според него, се темели за нов модел на функционирање на институциите. Министерот потенцираше дека реформата не се мери само преку донесување закони, туку преку нивна реална примена и промена на институционалната култура. „Законот е првиот чекор, но поважно е неговото спроведување. Реформата на јавната администрација значи систем во кој секој ќе има можност да напредува преку знаење, компетенции и резултати“ - истакна Минчев. Во однос на Законот за правична застапеност, министерот посочи дека станува збор за…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti