klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Милошоски: Филипче уште сега создава алиби за дебаклот кој ќе го доживее на следните избори

Милошоски: Филипче уште сега создава алиби за дебаклот кој ќе го доживее на следните избори
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·29. 06. 2026. 16:23:01

Денешната прес-конференција е поврзана со ставот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, којшто изјави дека ќе го блокира предложениот Изборен законик, изјави Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник . Прво би сакал да напоменам дека ваквата најава од господинот Венко Филипче е само доказ дека неговата главна цел е да се спротивставува на законите коишто се дел од Реформската агенда, а за коишто Европската комисија досега даваше високи оценки за нивното донесување и имплементирање, додаде Милошоски. Втората работа, сметам дека Венко Филипче преку најавата за блокада на Изборниот законик, бара можно оправдување, алиби за следниот изборен пораз или евентуално за бојкотирање на следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се случат, нотира тој. Третата работа е многу симптоматична и тоа е прашањето дали Венко Филипче ја следи Левица во нејзините ставови. Бидејќи денес имавме најава од Левица за можна блокада и филибастеринг на овој закон од Реформската агенда, а потоа следува потврдата од Венко Филипче којшто се обидува да го имитира Димитар Апасиев. Дали ова е случајно или координирано, останува да одговори претседателот на СДСМ, потенцира Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. И последната поента што сакам да ја упатам, како една остра критика…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti