Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија

Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, кој ја предводи собраниската делегација на одбележување на 2 Август - Денот на Републиката во Крушево денеска во своето обраќање од Мечкин камен порача дека нашето востание денес не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитаат деца и нагласи дека демографијата е нашата нова борба за Македонија. -Крушево - градот што е симбол на борбата за слобода и државност, но денес има неколкукратно помалку првачиња отколку во минатите децении. За жал, истото е и во Прилеп, Струга, Струмица, Дебар и во Скопје. Што ќе вредат спомениците, ако нема детски раце што ќе положат венец пред жртвата на Илинденците? Колку ќе вреди македонскиот јазик, ако нема кој да го говори и да им го пренесе на своите внуци? Ќе вредат ли училиштата, ако во нив нема детски џагор? Браќа и сестри. Нашето востание не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитуваат одговорни поколенија. Демографијата е нашата нова борба за Македонија. Демографијата не е само статистика. Демографијата е бебешкиот плач и родителските солзи радосници. Младите ученици кои носат надеж за успех. Демографијата е семејство полно со деца и полно со верба…


