klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

Милан Станковиќ се враќа на музичката сцена, еве со кој подготвува нови песни

Милан Станковиќ се враќа на музичката сцена, еве со кој подготвува нови песни
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·28. 07. 2026. 08:50:44

Пејачот Милан Станковиќ, по неколкугодишно повлекување од јавноста, се подготвува за враќање на музичката сцена, пренесуваат српските медиуми. Прв знак за неговото враќање беше песната „Voli me“ на пејачката Теа Билановиќ, за која музиката ја потпишува токму Станковиќ. Според медиумските информации, тој неодамна престојувал во Сараево, каде што се сретнал со Џала Брат и Буба Корели за да ги финализира новите музички проекти. Се очекува Милан Станковиќ до крајот на годината да објави неколку нови песни, со што и официјално ќе стави крај на повеќегодишната пауза. Пејачот со години беше отсутен од естрадата, посветувајќи се на приватниот живот и духовноста, а неговото повлекување предизвика бројни шпекулации. Сепак, најновите активности укажуваат дека неговото враќање пред публиката е поблиску од кога било.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti