Мицотакис уште еднаш ги отфрли сценаријата за предвремени избори

Уморен сум да повторувам: изборите ќе се одржат на крајот од мандатот, на пролет 2027 година, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за информативниот портал „Либерал“, уште еднаш отфрлајќи ги сценаријата за предвремени избори на есен, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис објасни дека Владата штотуку наврши три години откако доби доверба од грчкиот народ на изборите во јули 2023 година и нагласи дека пред нив имаат „уште една година работа“. - Разбирам дека како што се приближуваме кон изборите, може да постои тенденција да се шпекулира со предвремени избори или да се создаде чувство на опуштање во темпото на работата на Владата, а мојата должност е да го спречам тоа, објасни грчкиот премиер. Додаде дека и во следните месеци Владата ја чека работа, со обемна агенда на владините активности, како и завршување на Фондот за обнова до крајот на септември. Во однос на тоа што ќе прави Нова демократија, доколку на изборите не добие доволен број гласови за формирање еднопартиска Влада, со оглед на тоа што агенциите за рејтинг ѝ даваат околу 30-31 отсто, Мицотакис објасни дека и три месеци пред изборите во 2023 година рејтингот им беше околу 33-34 проценти, а победија со речиси 41 процент…
Povezane vijesti

Граѓански организации бараат итно стопирање на новите концесии за рудници во источниот дел на Македонија

Иран: Нема да дозволиме САД да се мешаат во Ормуската Теснина
