klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски за спорот со Бугарија: Додека јас сум премиер ќе ги штитам македонските национални интереси и интересите на сите наши граѓани

Мицкоски за спорот со Бугарија: Додека јас сум премиер ќе ги штитам македонските национални интереси и интересите на сите наши граѓани
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·30. 06. 2026. 17:54:23

„Изминативе повеќе од 20 години откако се стекнавме со статусот кандидат, ние направивме толку многу, како ниту една земја којашто станала членка на Европската Унија или којашто пледира да биде дел од ЕУ, во делот на идентитетот, а во делот на суштинските реформи не сакам да дискутирам бидејќи мислам дека сме многу понапред и од одредени членки на самата Европска Унија, но кога станува збор за идентитетските реформи направивме толку многу што за нас, не за мене лично или како Влада туку генерално како граѓани на државата, би претставувало дополнителна фрустрација и понижување. Доколку не добиеме јасен план дека ова е последно и дека од тој момент па натаму ќе важи принципот на испорака merit-based и нема повеќе да има идентитетски и билатерални барања и нема да има дополнителни препреки на тој пат, односно ќе се водиме само по Копенхагеншките критериуми, ние сме подготвени да работиме колку што е потребно за да не придонесеме со дополни фрустрација кај македонските граѓани“, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешното интервју на телевизија Телма, а поврзано со евроинтеграциите на државата. Мицкоски напомена дека е програмата која ја застапувал на изборите има добиено мнозинска поддршка и истата ја реализира сè додека ја има поддршката од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti