Мицкоски: За состојбите во Гостивар се консултираме со експерти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за подкастот „Риштази“ во врска со случајот со водата во Гостивар истакна дека надлежните за состојбите се консултираат со експерти, во општината веќе водата може да се користи за технички потреби, наскоро се очекува и за пиење, и воедно посочи дека партиите не треба шират хистерија. „На сите треба да ни е јасно дека станува збор за одговорност која што е на општината и тоа е многу важно да се констатира, бидејќи тие услуги се исклучиво одговорност на општината. Има начин како општината комуницира со државните институции во делот на проверки и слично. Што се однесува до Гостивар од денеска има веќе техничка вода, изминативе неколку денови параметрите беа позитивни кога велам во насока на тоа дека инсталациите се прочистени, односно хиперхлорирани и денеска веќе можат граѓаните да ја користат за техничка употреба, не за пиење и готвење“, изјави премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски додаде дека се очекува овој процес на хиперхлорирање да продолжи во деновите што следат и во втората половина од оваа недела да може истата вода да се користи и за пиење и за подготвување на храна. Што се однесува за одговорноста, премиерот Мицкоски посочи дека директорот на конкретното јавно комунално…


