klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Мицкоски за реконструкцијата на Владата: Не го негираме сработеното, сакаме да изградиме уште повеќе

Мицкоски за реконструкцијата на Владата: Не го негираме сработеното, сакаме да изградиме уште повеќе
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·13. 07. 2026. 09:56:22

Функцијата не била и никогаш нема да биде цел сама по себе, таа е средство преку кое се служи на народот, порача премиерот Христијан Мицкоски, денеска на 112. седница на Собранието на која треба да бидат разрешени и избрани членови на Владата. Осврнувајќи се на предлогот за разрешување на дел од министрите, рече дека сите до еден се луѓе со чест и достоинство и пред се чесни луѓе. Денес, нагласи, не се збогуваме со луѓе кои не работеле, туку напротив, со луѓе кои во различни ресори дадоа свој придонес за реалзиација на програмата за која граѓанте дадоа доверба. - Од првиот ден која ја преземавме одговорноста кажав дека оваа Влада нема да биде Влада на комфор туку Влада на резултати. Нема да биде Влада во која функциите ќе се сметаат за стекнато право, туку за обврска што секој ден повторно мора да се заслужува. Тоа не беше полтички слоган, тоа беше принцип. Денес покажуваме дека тој принцип важи подеднакво за сите - рече Мицкоски. Според него, на реконструкцијата на Владата не треба да се гледа како на крај на нечија работа. - Граѓаните заслужуваат јасно да ја видат разликата меѓу политиката што се задоволува со изговори и политика што носи…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti