klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски: За првпат по децении Гостивар ќе има бактериолошки исправна вода за пиење

Мицкоски: За првпат по децении Гостивар ќе има бактериолошки исправна вода за пиење
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·01. 08. 2026. 09:56:04

Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска изјави дека процесот за нормализирање на водоснабдувањето во Гостивар е во завршна фаза и изрази очекување дека уште денес граѓаните ќе добијат вода што ќе биде безбедна не само за техничка употреба, туку и за пиење и подготовка на храна. Одговарајќи на новинарски прашања за обвинувањата од опозицијата во врска со состојбата со водоснабдувањето и спроведувањето на процесот на хиперхлорирање, Мицкоски нагласи дека Владата реагирала веднаш по настанатиот проблем и презела конкретни мерки за заштита на граѓаните. -Како држава обезбедивме чиста вода за пиење за жителите на Гостивар. Им благодарам на сите општествено одговорни компании и поединци кои се вклучија со донации и помогнаа во оваа ситуација, изјави премиерот. Тој повтори дека, според досегашните информации, до загадувањето дошло поради несовесно постапување на вработени во ЈП „Водовод“ – Гостивар, кои, како што рече, со цевки и пумпи префрлале вода од реката директно во главниот резервоар. -Обвинителството веќе постапува по случајот. Има лица кои се обезбедени и сослушани, а очекувам истрагата дополнително да се прошири, рече Мицкоски. Во моментов, процесот на хиперхлорирање го спроведуваат стручни екипи од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, додека паралелно секојдневно се земаат мостри и се вршат лабораториски…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti