klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Мицкоски за проектот „Брза пруга“: Оптимисти сме дека камен-темелникот ќе биде на крајот на оваа или на почетокот на следната година

Мицкоски за проектот „Брза пруга“: Оптимисти сме дека камен-темелникот ќе биде на крајот на оваа или на почетокот на следната година
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·04. 07. 2026. 12:35:06

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на оваа година или на почетоткот на идната да биде ставен камен-темелник за проектот „Брза пруга“ на Коридорот 10, кој треба да се реализира во рамки на Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија. Соопшти дека физибилити-студијата е целосно завршена и е во фаза на ревизија, а во однос на финасиери за проектот рече дека има еден и оти јавноста бргу ќе биде запозната. На новинарско прашање Мицкоски одгвоори дека не очекува „никакви турбуленции“ што би влијаеле врз реализацијата на проектот поради промените во британската влада. -Ние сме оптимисти дека до крајот на годината ќе поченеме со камен-темелник. Летово ќе поработиме на договорот со заемодавателот, со потенцијалните изведувачи ќе имаме компетитивен дијалог, така што очекувам, ако биде сè како што треба, или оваа година на крајот или рано на почетокот на следната. Не очекувам да имаме никакви турбуленции поради промените во британската влада. Сепак, тоа е сериозна држава и тукутака институционалоната меморија не се менува, приоритетите не се менуваат визави кадрите коишто се во владата, изјави Мицкоски по посетата на општина Бутел и почеток на изградба на затворен базен. Во однос на другите проекти за кои треба да гарантира владата на Велика Британија во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti