Мицкоски за пресудата во „Талир“ во кој се бараше конфискација на имотот на ВМРО-ДПМНЕ: Конечно, правдата е задоволена

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање ја коментираше вчерашната ослободителна пресуда во случајот „Талир 2“. -Во тој период ВМРО-ДПМНЕ беше под политички прогон и еден вид агресија би рекол од страна на претходната влада, измислија случаи што не постојат Талир 1 и Талир 2. Вчера конечно судот, што се однесува до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, донесе пресуда која е во согласност во правдата и сето она кое претставува очекување на граѓаните. Што се однесува на лицето кое е опфатено со другиот дел од пресудата, од она што можв да го прочитам, можам да заклучам дека станува збор за последница од законските измени на Кривичниот законик донесени од претходната влада на СДСМ и ДУИ, вели Мицкоски. Премиерот додава дека како резултат на тие законски измени, многу политички амнестии имало, но и ќе следат. -За жал, еднаш кога ќе направите грешка, таа грешка потоа станува правило и ве следи, рече Мицкоски. Основниот кривичен суд Скопје вчера донесе ослободителна пресуда за обвинетиот Н.Г. во предметот познат во јавноста како „Талир“, оценувајќи дека обвинителството не успеало надвор од разумно сомнение да докаже дека е сторено кривичното дело за кое се водеше постапката по измените на Кривичниот законик. Судот наведува дека по измените на…
Povezane vijesti

Tragedija na Halkidikiju postala još veća: Nakon stravičnog sudara preminuo i otac, majka i beba poginule na mestu nesreće - za njima ostalo jedno dete koje se bori za život

Нојман: Германија не може да се бори против Русија без американско оружје
