klik.world
Zdravlje Sjeverna Makedonija

Мицкоски за одлуката на обвинителот: „Не му значи што живи гореа 14 луѓе“

Мицкоски за одлуката на обвинителот: „Не му значи што живи гореа 14 луѓе“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 08. 2026. 09:58:41

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција ја коментираше одлуката на Обвинителството да го затвори предметот за модуларните болници, при што особено се осврна на трагедијата во Тетово, во која во пожарот во модуларната болница загинаа 14 лица. Мицкоски посочи дека постапката трае пет години и дека во тој период во јавноста биле изнесени различни информации поврзани со случајот. Тој остро ја критикуваше одлуката на обвинителот, кој е при крајот на мандатот, оценувајќи дека со неа постапката е запрена и покрај трагичните последици од пожарот. „Во модуларната болница во Тетово живи гореа 14 луѓе. Ќе повторам: живи гореа 14 луѓе“, рече Мицкоски. Тој во продолжение упати директни критики кон обвинителот кој е во заминување, поврзувајќи ја одлуката со негови односи со претходната владејачка гарнитура. „За жал, обвинителот којшто е во заминување, бидејќи, од тоа што сум информиран, е распишан оглас за избор на нов обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, претпоставувам, своите должничко-доверителски односи кон претходната влада одлучува да до крај ги испорача и не му значи тоа што живи гореа 14 луѓе“, изјави премиерот. Мицкоски оцени дека одлуката не претставува политичка амнестија и нагласи дека, доколку се појават нови детали или докази, случајот може повторно да…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti