klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Мицкоски: За две години пензиите зголемени за 325% повеќе споредбено со владата на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: За две години пензиите зголемени за 325% повеќе споредбено со владата на СДСМ и ДУИ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 08. 2026. 10:35:32

Премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Општина Прилеп, запрашан за споредба на просечната старосна пензија за време на владата на СДСМ и ДУИ и оваа влада истакна дека на месечно ниво таа се зголемува за 325% повеќе отколку во време на владеењето на СДСМ и ДУИ.„Гледам како на отворена сцена опозицијата се препелка после она мое интервју дадено на еден национален медиум каде што направив споредба во зголемувањето на старосната пензија на корисниците во периодот од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалиционите партнери ВРЕДИ и ЗНАМ и влада предводена од СДСМ и ДУИ. При таа споредба јасно кажав дека во овие две години, во овие 24-25 месеци, во случајот конкретно на тоа интервју реков 23 месеци, но сеедно е бидејќи 2 пати годишно се усогласува пензијата, оваа влада успеала просечно месечно за 296 денари да ја зголеми пензијата, додека претходната влада за 83 месеци успеала за 91 денар. Кога ќе се споредат овие 2 параметри доаѓаме за 3,25 пати повеќе сега отколку во времето на владата на СДСМ и ДУИ, или тоа е математички прецизно 325%“, потенцираше Мицкоски. Тој исто така нагласи дека доколку се споредат првите 25-26 месеци на владата на СДСМ и ДУИ со…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti