klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Силно го поддржуваме Трамп, сакаме стратешкиот дијалог со САД да донесе конкретни резултати

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Силно го поддржуваме Трамп, сакаме стратешкиот дијалог со САД да донесе конкретни резултати
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·25. 08. 2026. 08:08:54

Македонија силно ги поддржува американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација и сака стратешкиот дијалог со Вашингтон да се претвори во конкретни резултати во безбедноста, енергетиката, инфраструктурата, трговијата и инвестициите - изјави премиерот Христијан Мицкоски во ексклузивно интервју за „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News). Мицкоски нагласува дека поддршката за Трамп од страна на македонската Влада почнала уште пред тој повторно да биде избран за претседател на САД. Посочува дека Македонија била меѓу првите европски земји што воспоставиле контакт со луѓе од тимот на Трамп уште во текот на неговата изборна кампања во 2024 година. Потсети дека веднаш по самитот на НАТО во Вашингтон во јули 2024 година, Македонија била посетена од тим соработници на Трамп. Македонската влада уште тогаш испратила јасна порака дека е подготвена за продлабочување на соработката со САД. По изборот на Трамп за претседател, беше испратена владина делегација на неговата инаугурација во Вашингтон, што било уште една можност да се потврди поддршката за новата американска администрација и да се разговара за идната соработка. - Дури и пред да стане претседател на Соединетите Американски Држави, некои од луѓето кои се дел од неговиот најблизок периметар нè посетија и за време на кампањата кога немаше премногу европски нации кои веруваа…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti