klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Коридорите, енергетиката и американските инвестиции ја ставаат Македонија во стратешки фокус

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Коридорите, енергетиката и американските инвестиции ја ставаат Македонија во стратешки фокус
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·25. 08. 2026. 09:48:50

Македонија се наоѓа на стратешка позиција и на невидливо бојно поле, на кое се пресекуваат геостратешките интереси - оценува премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за „Брајтбарт њуз“. Според него, особено значење имаат транспортните коридори 8 и 10, кои ја поврзуваат Југоисточна Европа со поширокиот европски пазар. Посочи дека Коридорот 8, кој ги поврзува Јадранското и Јонското Море со Црното Море, би можел да добие дополнително значење по завршувањето на војната во Украина и почетокот на процесот на нејзина обнова. Мицкоски смета дека побрзата транспортна врска преку овој коридор би можела да ги скрати синџирите на снабдување и да ги намали трошоците за транспорт. Коридорот 10, пак, вели, има значење за поврзувањето на егејското и медитеранското подрачје со Централна Европа, вклучително и со земји како Унгарија и Австрија. Македонија планира до почетокот на 2028 година да биде поврзана со терминалот за течен природен гас во Александруполис и преку мрежа на интерконектори да овозможи транспорт на американски ЛНГ кон Србија и Централна Европа. - Сега градиме интерконектори што ќе ја поврзат мојата земја со Грција и практично тој цевковод ќе оди до терминалот за ТПГ Александрополис. Имаме четири резервирани места на терминалот за ТПГ во Александрополис. Значи, практично, во овој интерконектор, овој…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti