Мицкоски за блокадата на Изборниот законик: СДСМ со катастрофалните политки ги избрка, а сега со недавањето право на глас ВТОР ПАТ ЈА КАЗНУВА ДИЈАПСОРАТА

СДСМ во коалиција со Левица поднесоа 13 илјади амандмани со цел да го спречат гласањето на нашинците во дијаспората, плашејќи се дека ја немаат нивната доверба и ова е силна порака кон нашинците од дијаспората. Се надевам, конечно Коалицијата СДСМ - Левица ќе се осмелат, ќе ги остават своите политички мотиви, ќе се вратат во Парламентот, се уште има време и оваа реформа да ја испорачаме. Јас сум убеден дека политичките интереси ќе ги остават на страна и ќе ги стават како приоритет националните интереси, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на носењето на Изборниот законик. -Најпрвин, СДСМ кога беше Влада со својата катастрофа и катаклизма која што ја донесе во Македонија, мотивираше и избрка голем дел од нашите граѓани да си ја бараат својата среќа надвор од Македонија, а сега истите ги казнува по втор пат. Не им дозволува да учествуваат на легитимни, претседателски избори. Ако се плашат за парламентарните, еве ние им велиме за следните претседателски избори па натаму да и се даде можност на дијаспората да учествува по електронски пат. Не е точно изминатите деново што се зборува за примерот на Франција, можам да ви кажам многу примери кои што и ворегионот…


