Мицкоски во посета на Кромберг и Шуберт: Се разговарало за приоритетите, вработувањето, развојот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во работна посета на производствениот погон на компанијата „Кромберг и Шуберт“, лоциран во Индустриската зона Жабени, Битолско. Разговорот бил фокусиран на индустриските приоритети, вработувањето, развојот на техничкиот кадар и долгорочната конкурентност на македонската економија. - За време на посетата, премиерот Мицкоски се сретнал со Жељко Матиевиќ, главен извршен директор на Групацијата Кромберг и Шуберт, Георги Тренкоски и Влатко Цековски, менаџери на фабриката во Битола, како и со членови на менаџерскиот тим на компанијата. На посетата присуствуваше и градоначалникот на општина Битола. Разговорот беше насочен кон индустриските приоритети, производствените операции, тековните активности на компанијата, човечкиот капитал, техничкото образование, инфраструктурата и условите неопходни за обезбедување на долгорочната конкурентност на македонскиот индустриски сектор - информираат од компанијата. „Кромберг и Шуберт“, велат од таму, е најголемиот индустриски работодавач во државата. - Присуството на компанијата во Битола и Пелагонискиот Регион има клучна улога не само преку отворање илјадници директни работни места туку и преку придонесот кон локалната економија, семејните приходи, транспортот, услужниот сектор, образованието, развојот на кадар и деловната заедница. Компанијата исто така, игра значајна улога во зајакнувањето на македонските извозни перформанси. Како дел од глобалната автомобилска индустрија, Кромберг и Шуберт произведува висококвалитетни автомобилски компоненти за извоз и е еден…


