Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, разликата со СДСМ е над 4 спрема 1

Мицкоски оцени дека резултатот претставува важна политичка порака и потврда за поддршката на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Владата. -Иако само пред неколку дена раководството на СДСМ најавуваше убедлива победа во Брвеница, сепак СДСМ е декласиран од граѓаните и тоа е важна порака од граѓаните до нивното раководство, изјави Мицкоски. Според анализите што ги презентираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, второто место го освоил кандидатот на ДУИ со нешто повеќе од 2.100 гласа, трет е кандидатот на ВЛЕН, додека четврти е кандидатот на СДСМ. Независниот кандидат поддржан од Левица, според Мицкоски, освоил околу 50 гласа. Тој посочи дека поради учеството на повеќе кандидати, најверојатно ќе има втор круг на гласање, кој е закажан за 1 ноември. Мицкоски им се заблагодари на граѓаните што го оствариле своето право на глас, како и на сите учесници во организацијата и спроведувањето на изборниот процес. Тој нагласи дека волјата на граѓаните мора да се почитува и дека победата носи и голема одговорност. -Владата ќе продолжи да вложува во развојот на општините. Во патишта, водоводи, училишта, комунална инфраструктура и во создавање подобри услови за живот. Тоа важи и, се разбира, за Брвеница, порача премиерот. Тој најави дека партијата ќе побара поддршка од сите граѓани на Брвеница во вториот…
Povezane vijesti

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

ВМРО-ДПМНЕ има огромна победа во Брвеница, изјави Мицкоски и побара поддршка од гласачите за во вториот круг
