Мицкоски: Владата продолжува со реализација на клучните проекти во Велес, обезбедени средства за поврзување на Лисиче со езерото „Младост“

Премиерот Христијан Мицкоски, при денешната посета на Велес, порача дека Владата продолжува со реализацијата на капиталните проекти во општината, нагласувајќи дека со ребалансот на Буџетот ќе бидат обезбедени средства за изградба на недостасувачкиот цевковод што ќе го поврзе хидросистемот „Лисиче“ со езерото „Младост“. Според Мицкоски, со поврзувањето на двата система ќе се реши уште едно важно инфраструктурно прашање за Велес, додавајќи дека станува збор за проблем кој со години не бил решаван. „Нешто што со децении било уништувано не може да се санира преку ноќ, но приоритет по приоритет ги завршуваме проектите и така ќе продолжиме и понатаму. Важно е да не создаваме нови проблеми кои би биле на штета на граѓаните“, истакна премиерот. Тој ја пофали работата на градоначалникот Марко Колев, оценувајќи дека неговиот ангажман е мотивиран и фокусиран, а благодарност упати и до советниците, администрацијата, пратениците од Велес и членовите на Владата кои, како што рече, работат на обезбедување повеќе проекти за градот. Мицкоски им се заблагодари и на велешани за трпението во текот на реализацијата на инфраструктурните зафати, посочувајќи дека ваквите проекти бараат време, но дека резултатите постепено стануваат видливи. Воедно, премиерот најави дека летово ќе започне реализацијата на долгоочекуваниот проект за подземна катна гаража во центарот…
Povezane vijesti

Istaknuti član napustio SDP-a: ‘Moja voljena stranka krenula je nekim drugim putem, više ne vjerujemo u iste ideje‘

Потрага по тројца странци во Хрватска: Вчера влегле во Сава и исчезнале
