Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав

Владата веќе работи на измени на правилникот за увоз на млеко во прав и палмино масло, а паралелно се подготвуваат и мерки за намалување на залихите во млекарниците и за поддршка на домашните млекопроизводители, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата планира помош за секторот. Според Мицкоски, актуелните проблеми во млекарството се резултат на претходни измени на регулативата со кои биле олеснети условите за увоз. - Но, прво треба да го лоцираме виновникот, односно да го дијагностицираме проблемот. А проблемот е создаден уште пред неколку години од претходната влада, со измените на правилникот, со кои беа намалени критериумите за увоз на млеко во прав и палмино масло. Тоа е суштината. Оттаму потекнува ова што денес се случува - рече премиерот во одговор на прашање по денешната прес-конференција по потпишувањето на коалицискиот договор со Демократската партија на Турците. Тој посочи дека моментно млекарниците располагаат со значителни залихи, што директно влијае врз откупот на сурово млеко од фармерите и врз откупните цени. - Кај млекарниците има полни магацини со производи кои се произведуваат од преработено млеко. Тоа се одразува врз обемот на откуп на млеко од фармерите и, нормално, влијае врз цената, која се намалува - нагласи Мицкоски…
Povezane vijesti
Стоп за неконтролираниот увоз: ПОСТРОГИ КРИТЕРИУМИ ЗА МЛЕКОТО ВО ПРАВ И СПАС ЗА ДОМАШНИТЕ СТОЧАРИ

Построги критериуми за увоз на млеко во прав и мерки за поддршка на домашните млекопроизводители, најави Мицкоски
