Мицкоски: Уставни измени какви што бара Бугарија нема да дозволам да се случат

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во поткастот „Риштази“ со Назим Рашиди говорејќи за уставните измени истакна дека истите нема да се случат во оваа форма како што сега се бара. „Да разговараме. Јас сум подготвен да разговарам со секого секаде. Јас не сум секундант за да ви кажам до кога. Додека е потребно за да се најде решение коешто ќе биде одржливо и коешто ќе нè однесе до крајната цел. А во меѓувреме ќе испорачуваме со реформската агенда, ќе правиме подобро општество, подобри услови за живот и така“, потенцираше Мицкоски. Тој исто така додаде дека во целиот овој процес работите треба да се гледаат принципиелно, а принципите треба да важат за сите бидејќи со истите нема играње. „Мора работите да ги гледате принципиелно. Со принципите нема играње. Вие рековте тоа што договорила македонската Влада со Брисел, но еве јас нема да навлегувам која Влада договорила и нема да навлегувам кој бил нашиот став тогаш и како сето тоа беше договорено. Нема да навлегувам, јавноста го знае, го слушнала итн. И ние сме свесни што договорила таа некоја претходна Влада, но исто така во Бугарија некоја претходна Влада договорила нешто коешто се вика почитување на човекови права. Сега од нас се…


