klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе пари, се додека не почне да испорачува

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе пари, се додека не почне да испорачува
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·18. 07. 2026. 12:45:05

Премиерот Христијан Мицкоски денеска коментирајќи го последниот извештај на Европската комисија за правосудството, изјави дека судството нема да добие повеќе пари се додека не почне да испорачува, а негова работа, посочи, како премиер е да критикува се додека не види напредок во испораката на правдата. -Пари повеќе нема да добијат. Пари нема да добијат, иако се бара и во Законот за јавно обвинителство да се стави сума од 0,5 проценти од буџетот. Нема да добијат затоа што не ги заслужиле. Затоа што очекуваме дека правдата ќе ја донесат. Она коешто ние го овозможивме со овие измени е фактот дека сè што побараа во делот на вработувања, самостојност и така натаму, сè добија. Едноставно, пари повеќе нема. Ако некој мисли дека на овој начин ќе врши притисок врз Владата, нема тоа Владата да го прифати. Бидејќи независноста со пари не се обезбедува, туку се обезбедува со работа. Со работа, а не со допишување на работни саати и така натаму, дежурства и проценти, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Дебрца. ​Тој појасни дека извештајот е редовен извештај што го објавува ЕК за сите земји членки, а последните три години е и за дел од кандидатите. Станува збор за…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti