Мицкоски: Станува реалност изградбата на автопатот Скопје – Блаце, клучен приоритет и меѓу првите ветувања на оваа Влада

Почетокот на изградбата на автопатот Скопје - Блаце според премирот Христијан Мицкоски е историски зашто денеска таа станува реалност - почнува да се реализира иако, рече, повеќе од две децении проектот бил претставуван како„само што не почнал да се реализира“. Посочи дека овој проект бил меѓу приоритетите на владата од нејзиното формирање пред 25 месеци. -Ќе биде од особено значење за граѓаните на нашите две земји, Република Косово и Македонија, ќе значи подобро поврзување, подобар транспорт и размена, нешто што е исклучително важен атрибут во 21 век и е во корелација со стратешките приоритети на Владата – бидејќи како држава не излегуваме на море, да бидеме крстосница на два значајни европски коридори: 8 и 10, истакна Мицкоски во обраќањето по повод почетокот на изградбата на автопатот Скопје – Блаце. Прати три пораки од настанот – дека владата го реализира ветувањето за овој клучен приоритет и очекува, рече, значителен напредок на терен. Изрази задоволство што македонска компанија ќе ги изведува градежните работи, што, рече, е додадена вредност за македонската економија и исполнување на, исто така, врвен приоритет – повеќе работни места за македонските граѓани. -Денес тука нема да застанеме. Многу скоро од денеска продолжуваме со уште една автопатска делница, која е…
Povezane vijesti
Rakočević: Dali ste predlog koji kod nas proizvodi sumnju

Граѓаните може да се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип – активиран сајтот vakcinacija.mk
