klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Современиот патриотизам се докажува со инвестиции, реформи и силни институции

Мицкоски: Современиот патриотизам се докажува со инвестиции, реформи и силни институции
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·28. 06. 2026. 18:44:24

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќање на настан по повод споменот на Ѓорче Петров, порача дека делото на Ѓорче Петров и идеалите за слободна и достоинствена Македонија остануваат трајна инспирација, а денешниот патриотизам треба да се докажува преку развој, силни институции и подобар живот за граѓаните. ,,Денес, кога оддаваме почит на неговиот лик и дело, не се поклонуваме само пред човек кој го вгради својот живот во темелите на историската ВМРО, туку и пред една идеја која останува жива повеќе од еден век. Идејата дека Македонија има право на своја иднина, дека македонскиот народ има право на достоинство, дека слободата има цена, а таа цена секогаш ја плаќаат најхрабрите, најчесните и најпосветените луѓе на своето време“, вели Мицкоски. Мицкоски истакна дека Ѓорче Петров преку своето капитално дело ,,Материјали по изучувањето на Македонија“, покажал дека љубовта кон татковината се изразува и преку знаење, истражување и зачувување на историјата и идентитетот, и додаде дека историјата има вредност само ако се применат нејзините поуки за иднината. ,,Во исто време, Ѓорче Петров бил човек на книгата, на науката и на знаењето. Неговото капитално дело „Материјали по изучувањето на Македонија“, претставува сведоштво дека љубовта кон татковината не се покажува само со револуционерна борба, туку…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti