Мицкоски: Со реконструкцијата на Владата нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност

За нови министри предлагам луѓе кои доаѓаат со различни професионални искуства, но со иста обврска - да работат чесно, одговорно и со чувство дека секој ден што ќе го поминат на функцијата им е даден oд народот и му припаѓа на народот - порача премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието образложувајќи го пред пратениците предлогот за именување нови министри во рамки на реконструкцијата на Владата. Мицкоски порача дека реконструкцијата на Владата носи нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност. - Во изминатите две години државата повторно почна да се движи. Повторно почна да инвестира. Повторно почна да гради. Повторно почна да создава доверба. Повторно почна да отвора можности. Но, јас денес не стојам овде за да кажам дека сме ја завршиле работата. Напротив. Денес стојам пред вас за да кажам дека најважниот дел од работата допрва започнува. Затоа што државите не се градат за две години. Тие се градат со генерации. И секоја генерација има обврска да остави држава подобра отколку што ја затекнала. Тоа е нашата обврска. Тоа е обврската на оваа Влада. И токму затоа денес пред вас не стои само предлог за избор на нови министри. Пред вас стои предлог за нова енергија. За ново темпо…
Povezane vijesti

Рускиот патријарх Кирил, газдата на Лукоил и олигархот Махмутов се стратешки важни за Бугарија

Нова „бомба“ на СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО-ДПМНЕ
