klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Секоја генерација има свој Илинден – нашата задача е да изградиме силна, просперитетна и праведна Македонија

Мицкоски: Секоја генерација има свој Илинден – нашата задача е да изградиме силна, просперитетна и праведна Македонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·02. 08. 2026. 09:11:47

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, порача дека секоја генерација има свој Илинден, со своја мисија и задача, а сегашната има задача да ја зачува државата силна, да ја направи просперитетна, да ја направи праведна и повторно да ја направи земја во која луѓето ќе веруваат дека вреди да се остане и да се гради иднината. Тој истакна дека кога денес ги спомнуваме илинденците, кога се поклонуваме пред делото на државотворците од АСНОМ и кога ги изговараме нивните имиња, не го правиме тоа само од почит кон минатото, туку затоа што сакаме да си поставиме едно исклучително важно прашање – дали сме достојни наследници на нивната жртва и дали доволно храбро ја носиме одговорноста што тие ни ја оставија? - Историјата не бара од нас да ги повторуваме нивните чекори. Историјата бара да ја покажеме истата храброст. Зашто секоја генерација има свој Илинден. Некои генерации се бореле против империи. Некои генерации се бореле за држава. Некои генерации ја бранеле слободата со оружје. А нашата генерација има поинаква, но не помалку тешка задача – да ја зачува државата силна, да ја…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti